Атлантски Океан
Згаснува надежта за спасување на патниците на „Титан“
22.06.2023 09:23
На спасувачите и на роднините им е потребно чудо во потрагата по подморницата „Титан“...

Потрагата е во полн ек, но кислород има само за уште неколку часа. На спасувачите и на роднините им е потребно чудо во потрагата по подморницата „Титан“. Повеќе од три дена по исчезнувањето, надежта за преживување на петте исчезнати авантуристи згаснува.
Потрагата ја предводи американската крајбрежна стража, а вклучени се и повеќе бродови и авиони.
