Вучиќ на средба со Борел, нема да разговара со Курти
Претседателот на Србија, Вучиќ ќе оди во Брисел, на средба со високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Борел, сепак, нема да разговара со премиерот на Косово, Курти...

Претседателот на Србија, Вучиќ ќе оди во Брисел, на средба со високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Борел, сепак, нема да разговара со премиерот на Косово, Курти.
„Нема да разговарам со Албин Курти во Брисел, нема смисла да разговарам со него. Ќе разговарам со шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. Србија е во тешка ситуација и под голем притисок. Почнаа апсења јужно од Ибар, а единствена цел им е да ги протераат Србите од Косово и Метохија. Мора брзо да почнеме со работа“, изјави Вучиќ.
Борел ги покани Вучиќ и Курти, на итен состанок за изнаоѓање решение од актуелната криза на северот на земјата.
