Кина

Кина: Во експлозија на гас во ресторан 31 жртва

22.06.2023 09:53

Експлозијата се случила во резервоар за течен гас сместен во приземјето на ресторанот, а пожарот потоа се проширил и на првиот кат од зградата...

Во голема експлозија на гас во ресторан во северозападниот дел на Кина загина 31 лице. Седуммина биле повредени. Експлозијата се случила во резервоар за течен гас сместен во приземјето на ресторанот, а пожарот потоа се проширил и на првиот кат од зградата.

Претседател Џинпинг нареди целосна истрага за инцидентот.