Воен конфликт

Украина: Погоден мост кој го поврзува полуостровот со копното

22.06.2023 09:54

Патот е оштетен, нема извештаи за жртви, а сообраќајот е пренасочен...

Украина го погоди мостот Чонгар кој ги поврзува деловите од областа Херсон под контрола на Русија со полуостровот Крим. Патот е оштетен, нема извештаи за жртви, а сообраќајот е пренасочен. Локацијата се испитува за да се утврди кога сообраќајот преку мостот би можел да продолжи.

Познат како „Порта на Крим“, мостот Чонгар е еден од неколкуте мостови што го поврзуваат Крим.