мвр
Приведен дилер од гостиварско, пронајдена дрога
22.06.2023 11:07
При претрес во угостителски објект и помошни простории во ова село, кои ги користел, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана...

Вчера околу 00.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот В.И. од гостиварски Градец. При претрес во угостителски објект и помошни простории во ова село, кои ги користел, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.
