Остра реторика власт-опозиција, откако Мерко се најде на црната листа на САД
Ако евентуално би бил на црната листа на САД, не само што ќе даде оставка, туку тоа ќе го смета за негов најголем пораз, вели премиерот Ковачевски, коментирајќи ги реакциите дека струшкиот градоначалник Рамиз Мерко треба да се повлече од функцијата. Според Мицкоски, Македонија е најкриминалната држава, каде што владеат кланови. Побара одговорност.

Остра реторика власт-опозиција, откако на црната листа на САД за „персона нон грата“ е прогласен струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко. Премиерот Ковачевски смета дека, според соопштението на Стејт департментот има основи за ставање на Мерко на црната листа. Рече дека, доколку тој се најде на листата, за него би било најголем пораз во политичката кариера, посочува Ковачевски.
Македонија е најкриминална и најкорумпирана држава во која владеат кланови, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. За Мицкоски, тоа што го прави актуелната извршна власт, сите го чувствуваме.
Двајцата најистурени лидери во македонската политика, остануваат со различни позиции и покрај нивната тет-а-тет лидерска средба. Додека Ковачевски смета дека ВМРО-ДПМНЕ ретерирало во однос на уставните измени и влез во заедничка влада, Мицкоски обелоденува дека СДСМ и ДУИ се договараат кој да предложи, да нема техничка влада три месеци пред избори.
Миле Ристески
