Тенис

Македонските тенисерки го совладаа Исланд

22.06.2023 15:50

Женската репрезентација на Македонија забележа победа и во дуелот од 4. коло против Исланд. Вториот поен го донесе нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа која во вториот сингл меч ја совлада Софија Солеј Јонасдотир...

Женската репрезентација на Македонија забележа победа и во дуелот од 4. коло против Исланд. Вториот поен го донесе нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа која во вториот сингл меч ја совлада Софија Солеј Јонасдотир со 2-0 во сетови (6:2 6:0) за 54 минути игра.

По водство од 2:0 за Македонија мечот во двојки нема да има влијание на победникот во дуелот. Ѓорческа добро го почна мечот и поведе со 3:0 во гемови, но противничката ги освои следните два и намали на 3:2. Во овој дел од мечот Ѓорческа имаше и проблеми со сервисот и неколку двојни сервис грешки.

Во мечот во двојки за Македонија ќе настапат Александра Симева и Ива Данева.