Македонија

Слаб земјотрес го стресе Берово

22.06.2023 16:15

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 9:53 часот бил регистриран во близина на Берово,..

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 9:53 часот бил регистриран во близина на Берово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според информациите, епицентарот на земјотресот бил на 11 километри северозападно од Берово, на длабочина од 10 километри.

Како што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран со епицентар на 113 километри југоисточно од Скопје во Делчевско-беровското епицентрално подрачје.

Опсерваторијата, според досегашните податоци со кои располага, пренесува дека земјотресот бил почувствуван од населението во Берово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.