Пендаровски: САД како наш стратегиски партнер, никогаш не биле проалбански, ниту пак, против македонските интереси
Нема Македонци или Албанци, Соединетите Американски Држави ги штитат сопствените интереси, изјави претседателот Пендаровски на дебатата со американската амбасадорка Агелер во Скопје. Според првиот дипломат во земјава, американските инвеститори се залагаат за нулта толеранција на корупцијата. Пендаровски и Агелер ги анализираа и тековните релации меѓу двете држави...

Соединетите Американски Држави никогаш не се ниту проалбански ниту се антимакедонски во своето постапување и секогаш ги следеле своите национални интереси, рече претседателот Пендаровски.
На дебатата со американската амбасадорка Агелер, отворена за јавноста, претседателот истакна дека национален интерес на Америка е балканот да биде стабилен, а со тоа и стабилна Македонија. Амбасадорката на САД Агелер со низа пораки, посочи на гордоста којашто треба да ја има земјава во однос на сето постигнато за време на три децении.
САД ќе продолжат да ја поддржуваат борбата со корупцијата во Македонија, порача амбасадорката но и ги повика политичките лидери да ја интензивираат со овој како што го нарече, голем проблем во земјава.
Нашата релација со Америка е стабилна во геополитичка смисла оцени претседателот на државава.
Пендаровски и американската амбасадорка учествуваат на конференцијата „Односите на Соединетите Американски Држави и Северна Македонија во ера на геополитички превирања“, организиран од претседателскиот центар за политичко образование.
Ана Јосифовска Тодоровска
