Работилница

Работилница за превод „Преводот како движење меѓу културите“

22.06.2023 17:54

Во организација на издавачката куќа „Готен“ на 23,24 и 27 јуни, ќе се одржи работилница за книжевен превод „Преводот како движење меѓу културите“. Ќе бидат опфатени различни формати...

Во организација на издавачката куќа „Готен“ на 23,24 и 27 јуни, ќе се одржи работилница за книжевен превод „Преводот како движење меѓу културите“. Ќе бидат опфатени различни формати: работа на конкретен превод, презентации, разговори со преведувачи и уредници на издавачки куќи, дебати и дискусии. Предавачи се проф. д-р Ирина Бабамова, проф. д-р Калина Малевска, проф. д-р Милан Дамјановски и Живко Гроздановски.

Целта на работилницата е на сите заинтересирани да им се понуди можност за професионално усовршување, дополнителна обука, како и преку дебати и дискусии да се поразговара за состојбата во која се наоѓа преводот во нашата земја и да се создадат нови можности за идна соработка меѓу преведувачите и издавачите.