кабинет

Свеченост по повод доделување „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“

23.06.2023 07:59

Со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“ ќе се одликуваат Лазар Лечиќ, Благоја Георгиевски Буштур (постхумно), Владимир Богоевски, Насе Насев и Борче Костовски...

Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија во Кабинетот на Претседателот со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“ ќе одликува 5 истакнати спортисти, великани и легенди кои оставија траен белег на спортските терени и дадоа огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.

Како што соопштуваат од претседателскиот кабинет, со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“ ќе се одликуваат Лазар Лечиќ, Благоја Георгиевски Буштур (постхумно), Владимир Богоевски, Насе Насев и Борче Костовски.