Култура
Белградска филхармонија со Зубин Мехта утревечер во Скопје
23.06.2023 09:28
Ќе биде изведена Симфонијата бр. 7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз...

Утревечер, со почеток во 20 часот, во концертната сала на Македонската филхармонија ќе гостува Белградската филхармонија предводена од маестро Зубин Мехта, во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“. Ќе биде изведена Симфонијата бр. 7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз.
Големиот Зубин Мехта е еден од најголемите диригенти на денешнината и најзначаен пријател на Белградската филхармонија, уметник кој гради мостови меѓу различните култури и руши бариери користејќи ја моќта на музиката.
