Македонија
МПЦ-ОА организира протест против Законот за родова еднаквост и измените за матична евиденција
23.06.2023 09:57
Според МПЦ-ОА, овој закон наметнува менување на биолошката и објективна реалност. Тие велат дека постојат само два пола кои не може да се променат...

Македонска православна црква организира протест под мотото „За нашите деца, за нашата иднина“. Протестот се организира против предлог-Законот за родова еднаквост и измените на Законот за матична евиденција.
Според МПЦ-ОА, овој закон наметнува менување на биолошката и објективна реалност. Тие велат дека постојат само два пола кои не може да се променат.
Повикот за протест доби и политичка поддршка. Македонски концепт донесе одлука за целосна поддршка и ги повикаа членовите на партијата масовно да се приклучат.
