Продолжуваат ракетните напади меѓу Русија и Украина
Продолжува контраофанзивата на југот на Украина. Киев тврди дека соборил 13 руски ракети. И над руски Курск соборен дрон...

Продолжува контраофанзивата на југот на Украина. Киев тврди дека соборил 13 руски ракети. И над руски Курск соборен дрон. По обвинувањата на Киев дека Москва подготвува напад врз нуклеарната централа во Запорожје, директорот на МААЕ во посета на Русија. Во оваа земја е уапсена група од петмина која се обидувала да купи радиоактивен цезиум-137 за 3,5 милиони долари во името на граѓаните на Украина.
Според безбедносната служба, тој требал да биде изнесен од Русија и да се користи за лажирање на инциденти со наводно оружје за масовни уништување со цел да се дискредитира Русија.
Украинската државна нафтена компанија „Нафтогас“ почна правна постапка во САД против Русија со која бара пет милијарди долари од Москва за изгубен имот на Крим.
