мвр
157 санкционирани возачи во Гази Баба, 20 возеле без возачка дозвола
23.06.2023 11:04
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Полициски службеници од СВР Скопје во текот на вчерашниот ден во времето од 15.00 до 21.00 часот на подрачје на општина Гази Баба спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, при што се санкционирани 157 возачи. Од нив, 42 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 20 мерки се изречени за возење без возачка дозвола, затекнати се три нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
