Кина

Пекинг им врачи демарш на САД поради изјавата на Бајден за Ши

23.06.2023 11:11

Кина врачи демарш до американскиот амбасадор откако претседателот на САД, Џо Бајден го нарече кинескиот колега Ши Џинпинг, диктатор...

Кина врачи демарш до американскиот амбасадор откако претседателот на САД, Џо Бајден го нарече кинескиот колега Ши Џинпинг, диктатор.

На донаторска конференција во Калифорнија, челникот на Белата куќа изјавил дека Ши не знаел за наводниот кинески шпионски балон што беше соборен во американскиот воздушен простор, додавајќи: „Тоа е голем срам за диктаторите“.

Според кинеското МНР, коментарите се крајно апсурдни, политичка провокација и го нарушуваат политичкото достоинство на Кина.