СДСМ ќе го тужи Собранието
Кој ја говори вистината, СДСМ или ДИК?

Социјалдемократите тврдат дека испратиле допис до ДИК, пред усвојувањето на извештајот за парламентарните избори, во кој ги доставиле 34-те нотарски заверени изјави за неприфаќање на мандатите.
„Изјавите за неприфаќање на пратеничките мандати ги достави и до ДИК и до Собранието истовремено- мислам дека беше еден ден пред верификацијата на мандатите“, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Изјавата на Шилегов е контрадикторна со она што, заменик претседателот на ДИК го изјави на 7 јуни- денот на доделувањето на уверенијата.
„Ние досега не сме биле изсвестени дека нема да ги прифатат мандатите“, изјави заменик претседателот на ДИК, Субхи Јакупи на 7-ми мај.
Дописот од СДСМ, вели за МТВ Јакупи е доставен на 8 јуни во 11.50 минути или ден по доделувањата на уверенијата. Разговаравме и со претседателот на ДИК, Рилкоски. Тој вели за датумот треба да провери во архивата. Што се однесува до ставот на Комисијата, вели на работната седница на ДИК одлучивме дека ДИК не е надлежна да расправа по дописот од СДСМ.
Од СДСМ најавуваат дека ќе го тужат Собранието пред Управниот суд. Ќе бараат да донесе времена мерка за одложување на правните последици од, како што велат, насилната верификација на мандатите од страна на Собранието, бидејќи дел од 34-те пратеници веќе се соочувале со ризикот да им биде прекинат стажот поради законската неспоивост во исто време да се биде и пратеник и вработен во некоја друга институција.
Извештајот за претседателските и парламентарните избори го разгледа и Мониторинг комитетот на Парламентарното собрание на Совертот на Европа. Во заеднички усвоената деклерација се искажува загриженост за постапката на сдсм да не ги прифати пратеничките мандати и да не го признае легитимитетот на претседателот Иванов. Исто така се осудува и бојкотот на ДУИ за претседателските избори. Мониторинг комитетот се надева дека и опозицијата и власта ќе се однесува одговорно кон довербата од граѓаните и целосно ќе го исполни својот мандат преку учество во Собранието.
Виолета Димовска
