Македонија

Пендаровски одликуваше пет спортски великани со „Медал за заслуги“

23.06.2023 12:45

Претседателот Пендаровски со „Медал за заслуги“ одликуваше 5 истакнати спортисти, великани и легенди кои оставија траен белег на спортските терени и дадоа огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава. Високите признанија ги добија Лазар Лечиќ, Владимир Богоевски, Насе Насев, Борче Костовски и постхумно, Благоја Георгиевски-Буштур...

Претседателот Пендаровски со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“ одликува пет истакнати спортисти, великани и легенди кои оставија траен белег на спортските терени и дадоа огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава. Со „Медал за заслуги“ одликувани се кошаркарот Благоја Георгиевски Буштур-постхумно, тренерот Лазар Лечиќ, одбојкарот Владимир Богоевски, тренерот во борење слободен стил Насе Насев и Борче Костовски тренер во теквондо.

Претседателот Пендаровски во домот му додели медал за заслуги на Насе Насев, тренер на освојувачот на првиот олимписки медал за независна Македонија во борење слободен стил.

Претседателот Пендаровски посака доделувањето на медалите за заслуги да бидат поттик за младите повторно да ја израдуваат нацијата со нови врвни достигнувања и успеси.

 

Ирина Гелевска