Украина

Украина ја прекина руската офанзива кон градовите Купјанск и Лиман

23.06.2023 14:19

Украинските вооружени сили ја прекинале руската офанзива кон градовите Купјанск и Лиман на истокот на земјата и напредуваат на југ...

Украинските вооружени сили ја прекинале руската офанзива кон градовите Купјанск и Лиман на истокот на земјата и напредуваат на југ.

Украина е во рана фаза на својот најамбициозен контранапад откако Русија ја почна инвазијата во февруари 2022 година и вели дека ја презела контролата врз осум села, што е нејзин прв значаен успех на бојното поле во последните седум месеци.

Сепак, Русија сè уште држи делови од територијата во источна и јужна Украина, а украинските сили допрва треба да се пробијат до главните одбранбени линии што Русија ги подготвува со месеци.