Атлантски Океан

Техничка грешка е причина за несреќата на подморницата „Титан“ во која загина целиот екипаж

23.06.2023 14:34

Членовите на екипажот на подморницата „Титан“ се прогласени за мртви. Според истрагата, се случила силна имплозија на патувањето на подморницата до остатоците на бродот „Титаник“ во северниот Атлантик. Според последните податоци, несреќата веројатно била предизвикана од техничка негрижа на американската компанија што го организирала патувањето, а морнарицата открила таканаречена „акустична аномалија“...

Петтемина патници во исчезнатата подморница „Титан“ најверојатно загинаа, соопшти компанијата „Оушнгејт“, по пронаоѓањето на остатоците во близина на бродот „Титаник“.

„Возило на далечина, од бродот „Арктички хоризонт“, го откри конусот на опашката на подморницата титан на приближно 1.600 метри од бродот „Титаник“ на морското дно. Ги известивме семејствата. Во име на крајбрежната стража на соединетите држави и целата обединета команда, им изразувам најдлабоко сочувство“, изјави Џон Маугер, од округот на првата крајбрежна стража.

Претпоставките се дека се случила катастрофална експлозија во предната комора.

„Во суштина, најдовме пет различни главни парчиња отпад што ни кажа дека тоа се остатоци од „Титан“. Тоа беше показател дека се случила катастрофа“, изјави Пол Ханкин, експерт за подводни води.

Подморницата титан во неделата загуби контакт со матичниот брод. Беше на пат до остатоците од потонатиот брод „Титаник“ на 3.800 метри длабочина во Атлантскиот океан.

Во пловилото беа Хамиш Хардинг, британски авантурист кој претходно бил во вселената и неколку пати патувал до јужниот пол, британскиот бизнисмен Шахзада Давуд, член на едно од најбогатите пакистански семејства, и неговиот 19-годишен син.

„Неговата смрт е голема загуба за народот на Пакистан. Многу сме тажни. Оваа несреќа ја шокираше целата нација“, рече Раџа Имран, жител на Пакистан.

Со нив бил и Пол-Хенри Наргеолет, поранешен нуркач на француската морнарица, кој бил дел од првата експедиција што го посетила Титаник во 1987-ма година, и капетанот Стоктон Раш, директор на компанијата Оушнгејт.

„Секое лето поминував еден месец на море работејќи со нив, гледајќи како работи, многумина го почитуваа. Тој беше многу скромен човек“, изјави Метју Тулох, пријател на Пол-Анри Наргеолет.

Властите се надеваа дека подводните звуци откриени во вторникот и средата би можеле да помогнат да се намали потрагата која на крајот сепак заврши трагично.

Марина Ристова