ДКСК

Ивановска: Судскиот совет го загубил предметот за Мерко

23.06.2023 14:46

Антикорупциска бара од Јавното обвинителство поголема ажурност за кривичната за Рамиз Мерко од пред 4 години. Претседателката Ивановска обелодени дека во Судскиот совет исчезнала претставката што ја поднеле против претседателот на струшкиот суд...

Државната комисија за спречување на корупцијата со констатација дека постојат спреги на бизнисот и политичките елити кои често не дозволуваат правосудните институции да постапуваат по извештаите и иницијативите на независните тела. Случајот со струшкиот градоначалник Мерко, неговото име на црната листа на Стејт Департментот е причина поради која антикорупционерите со елаборација како случајот се губи во судските лавиринти.

Според претседателската Ивановска, Антикорупциска уште во мај 2019 година отворила предмет за струшкиот градоначалник Мерко за злоупотреба на службената должност со што тој го оштетил општинскиот и државниот буџет, остварувајќи корист за себе и за блиските соработници. По низа префрлање на одговорностите на судските органи, случајот завршува како затворен предмет. Последен одговор кој го добиле од Републичкото јавно обвинителство е дека не можат да споделуваат дополнителни информации.

Ивановска додаде дека како превентивен орган немаат ингеренции за натамошни мерки. Со оглед на тоа дека случајот со струшкиот градоначалник не е единствен, посочи дека ова води кон нарушување на правниот систем во земјава, нефункционалност во справување со криминалот и корупцијата, а неказнивоста за сторените дела ја намалува довербата во судството.

 

 

 

Марина Стојанова Тонева