Струмица

Дебата против предлозите на Законите за родова еднаквост и матична евиденција

23.06.2023 14:48

Во Струмица повторно дебата за предлог законските решенија за родова еднаквост и матична евиденција. Учесниците тврдат дека новите законски решенија се штетни и не носат унапредување на правата на жените. На оваа тема реакции и меѓу градоначалникот на Струмица и граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост...

Сакаме да ги разобличиме злобните намери на родовите идеолози и на центрите на моќ кои очигледно ни подготвуваат современ тоталитаристички логор. Вака истакна епископ Јаков на трибината „Вистинското лице на родот“ организирана од фондацијата Елеуса од Струмица на која се презентираа аргументи дека предлог законите за еднакви можности и матична евиденција ако се усвојат ќе имаат последици.

На трибината се обратија и други лица кои сметат дека предлог законските решенија се штетни. Сметаат дека истите нема да донесат унапредување на правата на жените.

Деновиве градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов реагираше на нападите упатени кон него од одредени невладини организации, поради поддршката што ја дава за трибините и јавната дебата поврзани со двата закони, тој најави ништовност на меморандумите за соработка со таквите организации и вето на секој допис што ќе стаса до нив како општина. На ова објава пак реагираше Платформата за родова еднаквост од каде велат дека ваков наратив создаваат дополнителна поларизација помеѓу граѓаните.

„Еднаквоста рамноправноста и демократичноста се принципи на секој избран носител на јавна функција и е должен да ги почитува и негува, а не да практикува принцип на исклучување кога некои граѓани и организации немаат ист политички став како неговиот“ стои во реакцијата на членовите на Платформата за родова еднаквост.

 

 

Ване Трајков