МВР
Претрес во Скопје, пронајдена дрога
23.06.2023 15:45
При претрес во домот на И. Д, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага...

Денеска, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Д.(42) и А.А.(43), двајцата од Скопје. При претрес во домот на И. Д, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага.
Исто така, во домот бил затекнат А.А. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.
