ИН МЕМОРИАМ

Почина Кико, момчето за кое цела Македонија се крена на нозе

23.06.2023 16:30

Состојбата му се влошила во последниве два дена. Момчето требаше итно да замине на третман во Турција, но поради влошување на неговата здравствена состојба со неговата ретка болест, тоа не се случи...

Почина Кристијан Коцев-Кико, момчето за кое цела македонска јавност се крена на нозе за да собира донации за негово лекување.

Состојбата му се влошила во последниве два дена. Момчето требаше итно да замине на третман во Турција, но поради влошување на неговата здравствена состојба со неговата ретка болест, тоа не се случи. Се лекуваше во приватна болница во Скопје. За четири дена беа собрани пари за неговото лекување со хуманитарна акција.

Дваесетгодишниот Кико имаше ретка и тешка болест, која брзо прогресира и за кратко време доведува до сериозна состојба.