Фудбал

ФИФА: Првото Светско клупско првенство ќе се одржи во САД

24.06.2023 01:13

Тоа е планирано за летото 2025 година откако клубовите ќе ја завршат старата и ќе се подготвуваат за новата сезона. Веста ја потврди претседателот на ФИФА, Џани Инфантино...

Светската фудбалска федерација, ФИФА објави дека првото Светско клупско првенство со 32 екипи ќе се одржи во САД.

Тоа е планирано за летото 2025 година откако клубовите ќе ја завршат старата и ќе се подготвуваат за новата сезона. Веста ја потврди претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.Светското клупско првенство ќе се одржува и една година пред Мундијалот во САД, Мексико и Канада кој ќе биде првиот со 48 репрезентации.

Планирано е да учествуваат 12 екипи од Европа, шест од Јужна Америка и по четири од Азија, Африка и Средна/Сверна Америка, една од Океанија и домаќинот.