НБА

Виктор Вембањама прв пик на Сан Антонио

24.06.2023 01:32

Неговото доаѓање во Сан Антонио особено се очекува меѓу навивачите на Спарс, бидејќи низ историјата се покажа дека овој тим откако го имаше првиот пик на драфтот, знаеше да ги избере играчите со кои ја освои шампионската титула во НБА...

Овогодинешниот драфт во НБА лигата помина без изненадувања, како и што се очекуваше првиот пик Виктор Вембањама заврши во Сан Антонио, како што се најавуваше. Виктор Вембањама, кој доаѓа во најдобрата лига во светот откако изненадувачки го доведе тимот Болоњ-Левалоа Метрополитенс 92 до финалето на француското првенство. ,

Неговото доаѓање во Сан Антонио особено се очекува меѓу навивачите на Спарс, бидејќи низ историјата се покажа дека овој тим откако го имаше првиот пик на драфтот, знаеше да ги избере играчите со кои ја освои шампионската титула во НБА. Така беше со Дејвид Робинсон кој беше прв пик во 1987 година, како и со Тим Данкан кој беше избран како „број 1“ во 1997 година. Сите пет титули во тој период ги освоија Спарс под водство на легендарниот тренер Грег Попович.

На овој драфт беа избрани вкупно 58 кошаркари, бидејќи на Чикаго Булс и Филаделфија 76 им беше одземено правото на избор во второто коло, поради недозволени контакти со играчите. 42-то место на драфтот е 20-годишниот центар на белградски Партизан, Тристан Вукчевиќ, на кого претендира Вашингтон.

 

 

 

 

 

 

 

Фото:/ Facebook,извор San Antonio Spurs