Временска прогноза
Претпладне сончево од пладне нестабилно
24.06.2023 08:44
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд...

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.
И во скопската котлина претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
