Стартува Евролигашкиот “Фајнал фор“
Бурната сезона во кошаркарската Евролига кулминира со полуфиналните мечеви. На завршницата во Милано ќе играат 4 кошаркарски гиганти, од кои согласно ждрепката Шпанија ќе има еден финалист, а за второто место во мечот за титулата ќе решаваат најуспешните претставници од Русија и од Израел.

Како ретко кога во историјата на финалните пресметки, турнирот имал такво богато педигре. Вкупно 21 титула и 48 финални учества содржат заедничките витрини на четирите клубови. Предводени од осумкратниот континентален првак Реал Мадрид, како најуспешен на сите времиња. ЦСКА Москва е на втората позиција на вечната листа со 6 титули, или една повеќе од Макаби, додека Барселолна е „најсиромашна“ во елитното друштво со 2 европски круни. Финалнит турнир почнува во 18 часот со мечот ЦСКА – Макаби а во 21 часот е шпанската пресметка на вечните ривали, Реал и Барселона.