МВР

178 санкционирани возачи во Скопје, 57 за брзо возење

24.06.2023 08:58

На територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон при управување возило, четири мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

 Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.