Поголеми контроли и казни за заштита на Националниот парк Шар Планина
Само со апели и едукација шарпланинскиот масив не може да се заштити, велат планинарите. Санкциите се непопуларни мерки, но практични ако сакаме да го зачуваме природното богатство, кое веќе е со закон заштитено...

Казни и поголеми контроли на шарпланинскиот масив, само така ќе го заштитиме Националниот парк Шар Планина, сметаат планинарите. И во недопрена природа сè уште забележуваме отпад, дивоградби и дива сеча. Поминаа 3 децении со апели да ја чуваме Шара, но очигледно тие не вродија со плод.
Од Националниот парк, велат дека има санкции таму каде што постои можност. Во делот на комуналниот отпад, сметаат дека неморално е да казнуваат кога мештаните од Шарпланските села нема каде да го депонираат отпадот оти на планината нема механизам за менаџирање на ѓубрето. Од Општина Тетово пак со доза на критики до централните власти кои како што велат се грижат за планината, но само декларативно.
Се трошат пари се одобруваат тендери за чистење на Шара, но депониите сè уште се тука, вели градоначалникот Касами.
И дивоградбите се рак-рана на Националниот парк. Од установата велат дека досега имаат евидентирано околу 700 објекти на планинското подрачје. Поголем дел од нив се изградени на диво и во тек се подготовки за нивна легализација. Дел од објектите потоа се планира да се пренаменат за туризам.
Зоран Димовски
