Битфест

15-то издание на Битолското културно лето

24.06.2023 10:14

Свечено отворено 15-то издание на „„Битфест“ 2023“ синоќешниот спектакл на камерниот оркестар и врвни оперски солисти, на битолската публика и понуди незаборавна вечер како вовед на тоа што ќе следи во наредните два ипол месеци. Истовремено на сцената на Битолскиот Народен театар беше отворањето на 9-то издание на „Битола Шекспир фестивал“. Годишниот програмски концепт е пократок за разлика од минатите години, опфатени се традиционалните културни настани кои во на посетителите ќе им понудат незаборавно лето.

Синоќа со спектакуларниот настан, наречен „Вива Верди“ беше отворено битолското културно лето 15-то по ред. Пред преполниот антички театар „Хераклеја Линкестис“ настапија повеќе од 130 учесници-симфониски оркестар, хор и оперски солисти, кои пред публиката изведоа делови од најпопуларните опери на Џузепе Верди.

Официјално „Битфест“ 2023“ го отвори градоначалникот Тони Кољановски кој рече, Битола е град кој имам посебна должност да ги чува, заштитува и промовира културните вредности.

Во следните два ипол месеци, ќе се одржат традиционални културни манифестации како Солстис, Битола отворен град, Битола Шекспир фестивал, Локум фест, илинденски денови, незаборав и бројни изложби. Граѓаните задоволни.

Истовремено пак на сцената на Битолскиот Народниот театар, со претставата „Макбет“ во режија на Никита Миливојевиќ, беше отворено и 9-то издание на „Битола Шекспир фестивал“, под мотото „Судбината за играчка ме има“.

 

 

Александра Максимовска