Западен брег
Палестинец нападна израелски контролен пункт
24.06.2023 10:46
Палестинец отвори оган кон израелски воен контролен пункт на Западен брег пред да биде застрелан и убиен. Во вооружената пресметка се повредени и двајца припадници на обезбедувањето....

Палестинец отвори оган кон израелски воен контролен пункт на Западен брег пред да биде застрелан и убиен. Во вооружената пресметка се повредени и двајца припадници на обезбедувањето.
Неделава на Западен брег загинаа 15 Палестинци и четворица Израелци. Насилствата го зголемија притисокот врз премиерот Нетанјаху и неговата десничарска влада кој бара поширока воена операција против палестинските бунтовници, како и врз палестинската власт, која е под лавина критика поради неуспешно штитење на палестинските цивили.
