Прогрес во лекувањето на кронова болест: од хируршки зафат до биолошка терапија
30-тина паценти со сериозни цревни заболувања чекаат биолошка терапија која не е на позитивната болничка листа.

Македонија е последна во регионот каде болестa позната како Кронова, не се лекува по новите методи.
„Тоа значи излегување на измет, преку вагина преку вулва, преку кожа, преку мочните патишта – кај мажите“, вели Петранка Мишевска - лекар.
1000 пациенти се надеваат дека со хируршко отстранување на дел од тенкото црево ќе можат нормално да живеат. Оние, пак, кои не реагираат на основната терапија, биолошката мора да ја набавуваат од странство која за една година чини милион денари.
„Се разбира дека би ги селектирале внимателно пациентите кои би биле погодни за таа терапија, со оглед на тоа што се работи за скапа терапија, оние кои навистина имаат бенефит од таа терапија е навистина штета да им биде скратена терапијата, да живеат со сите компликации, физички и психички трауми“, изјави Ѓорги Дерибан – лекар.
Децениското искуство во Хрватска од примената на биолошката терапија дало неспоредливи резултати.
„Овие луѓе се најмалку еднаш, често и повеќе пати оперирани поради различните копликации, се покажа дека овие лекови ја намалија потребата за хируршка интервенција во проценти кои се движат помеѓу 20 и 30 отсто“, вели Жељко Крзнариќ – лекар.
На македонската гастро клиника досега се лекувани само пациенти од странство кои сами си ја набавиле терапијата, а лекувањето го довериле на нашите лекари.
Анита Димитријевска
