Пациентите со дијабет бараат средба со министерот за здравство
45.000 пациенти постојано се во неизвеснот или нема инсулин, ако има инсулин, нема игли и ленти за мерење гликемија, и постојано од надлежните добиваат ист одговор, тендерот доцни. Според првиот човек на Сојузот, решение има, надлежните треба да покажат волја.

Од Сојузот на здруженија на пациенти со дијабет покана за средба со министерот за здравство. Сакаат да разговараат за проблемите со кои се соочуваат. 45.000 пациенти постојано се во неизвеснот или нема инсулин, ако има инсулин, нема игли и ленти за мерење гликемија, и постојано од надлежните добиваат ист одговор, тендерот доцни. Според првиот човек на Сојузот, решение има, надлежните треба да покажат волја.
Велев е дециден, ова не го измисливме ние, на ваков начин со терапија и она што им е потребно се покриени пациентите во ЕУ.
45.000 пациенти кои се на инсулинска терапија шест месеци се оставени без ленти за мерење гликемија. Од здравство информираа дека јавната набавка за ленти и игли е завршена и наскоро пациентите ќе ги добијат.
Наташа Јанчиќ Менковски
