Невреме
Силно невреме во Охрид
24.06.2023 13:10
Охрид и Охридскиот регион беше зафатен од силно невреме проследено со силни врнежи од дожд и град со големина на лешник, па дури и орев...

Околу единаесет часот и триесет минути Охрид и Охридскиот регион беше зафатен од силно невреме проследено со силни врнежи од дожд и град со големина на лешник, па дури и орев. Од центарот за управување со кризи информираат дека невремето предизвика големи штети врз овошките и градинарските култури, при што посочуваат дека најголемиот дел од родот после силното невреме е уништен.
Засега нема информации за други штети. Во меѓувреме градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков во дванаесет и триесет го свика Кризниот штаб поради невремето.
