Филхармонија

Настап на Македонската филхармонија со диригентот Зубин Мехта

24.06.2023 15:21

Белградската филхармонија предводена од диригентот Зубин Мехта на настап во Македонската филхармонија во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Концертот е трет настап на славниот маестро Мехта во Скопје...

Белградската филхармонија предводена од диригентот Зубин Мехта на настап во Македонската филхармонија во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

„Симфонијата број 7“ од Лудвид Ван Бетовен и „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз на изведба од оркестарот предводен од Мехта.

Концертот е трет настап на славниот маестро Мехта во Скопје со Белградската филхармонија која годинава прославува 100 години од постоењето. По Тирана, белградските музичари за првпат настапија во новиот објект на филхармонијата.

„Навистина сме среќни што сме овде со нашиот пријател Зубин Мехта. Сите музичари се воодушевени како овде изгледа и звучи. Овој е завршен концерт во рамки на мини турнејата во рамки на „Отворен Балкан“, што е извонредна идеја за поврзување на народите и државите во регионот во сите сфери од животот, а посебно со музиката која е универзална и не познава граници.“, изјави Дарко Крстиќ-директор на Белградската филхармонија.

„Јас сум првпат во Скопје. Навистина е интересен и убав град. Оваа сала е многу впечатлива, особено што Белградската филхармонија се справува со стара сала и никако да се изгради нова. па ете баш сме среќни што колегите во Македонската филхармонија имаат можност да свират и работат во вакви убави услови и сала.“, рече Милана Зариќ-харфистка.

87-годишниот Мехта е еден од најзначајните диригенти на светската музичка сцена, на која е присутен повеќе од 60 години како диригент во Виенската, Берлинската и Израелската филхармонија. Бил и музички директор на симфонискиот оркестар на Монтреал, на Лос Анџелес и на израелската филхармонија.

 

Ирина Гелевска