Одбојка

Тесен пораз на одбојкарите во Вроцлав

16.05.2014 18:22

Репрезентацијата на Македонија е поразена во првото коло од квалификациите за Европското првенство во Вроцлав.

Македонските одбојкари во натпреварувачки маратон загубија од Словенија со 3:2. По сетови: 25:18, 18:25, 19:25, 25:16 и 15:8 за Словенците. А, беа на праг на блескав триумф! Близу два часа траеше премиерниот натпревар од тридневниот турнир, во кој Македонија  му пружи силен отпор на фаворизираниот противник. Словенците го „отворија“ мечот со сигурно освоен сет, за да уследи период на доминантност на  македонскиот тим во следните два сета, кои ги доби со уверлива предност. Македонија поведе со 2:1, но изненадувањето сепак изостана. Словенечкиот состав влезе во победничка завршница  и ги освои првите бодови по речиси двочасовната борба за секој поен.Во вториот денешен натпревар ќе играат Полска и Летонија. Утре македонија во 18 часот ќе игра против Полска.