МНР

Препораки за државјаните на Северна Македонија поврзани со состојбите во Русија

24.06.2023 16:57

Сите граѓани на Северна Македонија да се воздржат од патувања кон Руската Федерација, а оние кои имаат можност да ја напуштат земјата...

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија одблиску го следи развојот на состојбите во Руската Федерација и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници.

Во тој контекст, потсетуваме дека сè уште е на сила препораката на Министерството објавена на 28.02.2022 г., сите граѓани на Северна Македонија да се воздржат од патувања кон Руската Федерација, а оние кои имаат можност да ја напуштат земјата. Министерството на својата електронска страница и ги објави потребните контакти за информации за македонските граѓани во Русија.