Временска прогноза

Претпладне сончево, од пладне нестабилно со дожд

25.06.2023 09:12

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.