Регион

Парламентарни избори во Грција

25.06.2023 09:23

Според анкетите, се предвидува триумф на конзервативната партија која владее во последните четири години. 55-годишниот Мицотакис и Нова демократија добија најголема поддршка во мај, но не успеаја да освојат доволен број пратенички места за да формираат влада...

Втор круг од парламентарните избори во Грција. Гласачките места се отворени од 7 до 19 часот кога се очекуваат и првите резултати.

Според анкетите, се предвидува триумф на конзервативната партија која владее во последните четири години. 55-годишниот Мицотакис и Нова демократија добија најголема поддршка во мај, но не успеаја да освојат доволен број пратенички места за да формираат влада.

Негов најголем ривал е Алексис Ципрас од Левичарската Сириза кој беше премиер од 2015 до 2019 година. Над 9 милиони и 800 илјади граѓани имаат право на глас. Процесот се одвива во 21.643 центри.