Струмица

Струмица деновиве ќе добие клуб за поддршка на деца со Даунов синдром

25.06.2023 09:30

Струмица ќе добие Клуб за помош и поддршка на деца и млади со Даунов синдром. Клубот ќе функционира во повеќенаменскиот социјален центар, каде децата со помош на стручни лица ќе имаат воннаставни активности, додека семејствата поддршка како нивните деца да се социјализираат и живеат самостојно...

Децата со Даунов синдром од Струмица ќе добијат клуб каде со помош на стручни лица ќе имаат можност да учат но и да се дружат а нивните семејства да добиваат поддршка. Ова е целта на клубот што здружението Вера од Струмица ќе го отвори со поддршка на Општина Струмица. Со децата ќе се работи по четири часа секој работен ден во неделата, вели Анче Туфекчиева од Здружението.

Според проекциите клубот за поддршка на деца и млади со Даунов синдром ќе функционира цела година. Таму паралелно поддршка ќе добиваат и семејствата, се со цел нивните деца да бидат социјализирани и самостојно да функционираат.

Клубот во Струмица ќе се отвори во рамките на Програмата за социјална заштита на општина Струмица.

 

Ване Трајков