Кавадарци

Кавадарскиот плански регион добива стационар за згрижување на бездомните животни

25.06.2023 09:42

Во деветте општини од Вардарскиот плански регион има околу илјада и петстотини бездомни животни. за нив во селото Глишиќ се гради стационар кој треба да згрижува...

Во селото Глишиќ кавадаречко во тек е изградба на стационар за бездомни животни. Тој треба да го реши проблемот за девет општини од Вардарскиот регион. Стационарот е на површина од 5,5 илјади метри квадратни. Според процените во Вардарскиот плански регион има околу 1,5 илјади бездомни кучиња.

Во стационарот има 50 кафези за сместување на животните, кои таму би престојувале согласно законските прописи до 30 дена. За нив ќе се грижат вработени во ЈП кое би го формирале деветте општини од Вардарски регион, тие ќе го финансираат, според бројот на жители. Стационарот со изградба треба да заврши до крајот на август месец.

Инвестицијата е во висина од 21 милион денари, од нив 15 се за градежни работи додека 6 милиони се за опремување на стационарот. Средствата се обезбедени од Министерство за локална самоуправа во висина од 11,5 додека 9,5 милиони денари се донација од Швајцарската амбасада.

 

Петар Печков