Отворена 19-та по ред ликовна колонија „Де Ниро“ во Битола
Отворена 19-та по ред ликовна колонија „Де Ниро“ која во Битола донесе ликовни уметници од 8 светски земји. На свеченото отворање беше потпишан меморандум со македонскиот фестивал за алтернативна фотографија „Зрно“. На колонијата учествуваат домашни како и уметници од светот, кои преку разновидна програма и активности ќе споделат свои искуства и ќе стекнат нови...

Отворена 19-та по ред ликовна колонија „Де Ниро“, која во Битола донесе ликовни уметници од 8 светски земји. На свеченото отворање беше потпишан меморандум со македонскиот фестивал за алтернативна фотографија „Зрно“. На колонијата учествуваат домашни како и уметници од светот, кои преку разновидна програма и активности ќе споделат свои искуства и ќе стекнат нови.
На падините на Баба Планина, потпелистерското село – Цапари, инспирација за врвните светски сликари, кои дојдоа со своето творештво, да ја збогатат деветнаесетта меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“. Директорот Филевски се радува што колонијата постепено станува амбасадор на нашата земја и нашиот град.
„Преку 60 автори од 40 земји странски дојдени се овде наши уште 200 од балканскиот дел, се работи нонстоп и уживаме во тоа“, изјави Драги Филевски-директор на Ликовната колонија „Де Ниро“.
Во периодот од 20 до 28 јуни во колонијата гостуваат познати ликовни уметници од Шпанија, Бразил, Грција, Србија, Мексико, Шведска, Германија, Кина и секако од Македонија. Учесниците се импресионирани од убавините на Македонија, организацијата и начинот на работа на колонијата, велат-не само што ќе дојдеме повторно, туку ќе донесеме и други наши колеги уметници.
„Да, јас често доаѓам во Македонија, можеби 20 пати ја има посетено. А потоа станав дел од оваа колонија во која учествувам веќе трета година. Не само што јас сум тука, оваа година донесов и мои колеги“, изјави Герлинде Пистнер – учесник од Германија.
„Многу сум среќна што сум дел од оваа колонија, доаѓам од Бразил. Првиот впечаток е дека ќе се стекнам со неверојатно искуство, во овој дел од светот. Оставам просторот да остави импресии на мене за да можам да можам да го креирам своето творештво“, изјави Ана Кристина Мендез – учесник од Бразил.
Делата кои ќе бидат направени за овие 8 дена, остануваат во колонијата и заедно со уметничките дела од сите години до сега, ќе бидат изложени во и надвор од Македонија. На 28 јуни со посетата на колонијата „Арт Поинт-гумно“ во село Слоештица завршува 19-та ликовна колонија „Де Ниро“.
Александра Максимовска
