Македонија ќе помогне со експерти за поплави, чамци, агрегати, ќебиња и лекови
45 пумпи за испумпување на вода, 35 агрегати, девет чамци, 3.000 ќебиња и поширока палета на лекови, како првична помош за Србија и за Босна и Херцеговина во справувањето со последиците од поплавите ќе испрати Владата на Република Македонија.

75 специјалисти за поплави од министерствата за внатрешни работи и одбрана и од Дирекцијата за заштита и спасување.
Одлуката, како што информира Александар Ѓорѓиев, е донесена веднаш по добивањето информација од страна на Европската цивилна заштита дека Србија и Босна и Херцеговина побарале да ги известат сите земји-членки дека им е потребна помош.
Владата ги анализира можностите кои се во нејзин домен и со кои може да помогне, како и што понудиле другите земји, како помош за овие земји.
„Одлучивме во првата интервентна фаза да бидат испратени 75 лица кои се специјалисти за вакви намени, 45 пумпи за испумпување на вода, 35 агрегати, девет чамци, 3.000 ќебиња и поширока палета на лекови“, изјави Ѓорѓиев, портпаролот на Владата
Тој посочи дека понудената помош како информација веќе е доставена до Европската цивилна заштита.
