На последниот допис 2.778 лица се декларирале како Власи
На последниот попис 2.778 лица во Град Скопје се декларирале како Власи. Од нив повеќе од 600 живеат во Кисела Вода...

Мите Костов Папули поранешен претседател на партијата на Власите, доби биста во еден од парковите во општина Кисела Вода. Стотина сопартијци, пријатели се собраа да му оддадат почит. Сегашниот претседател говореше за заложбите на Папули кој почина пред три години од Ковид-19.
„Беше еден од иницијаторите за формирање на лигата на Власите и нејзин долгогодишен претседател. Иницијатор за формирање на влашката редакција при македонска радио и телевизија, меѓународниот совет на Власите, иницијатор за формирање на агенција за остварување на правата на заедниците во Република Македонија“, изјави Стерјо Костовски – претседател на партија на Власи.
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски рече дека ова ќе помогне во зачувувањето на идентитетот на оваа заедница.
„Она што сакам да го потенцирам е дека откривањето на неговата биста ќе има долгорочен ефект во зачувување и промоција на идентитетот на Власите и дека ми е драго што токму Кисела Вода ќе биде значаен сегмент од овој историски процес“, изјави Орце Ѓорѓиевски-градоначалник на Општина Кисела вода.
На последниот попис 2.778 лица во Град Скопје се декларирале како Власи. Од нив повеќе од 600 живеат во Кисела Вода.
Катерина Топалова
