ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за внукот на Али Ахмети
ВМРО-ДПМНЕ обелодени нова афера на внукот на Али Ахмети. Oпозицијата го повика премиерот да ги ангажира институциите во борба против криминалот и корупцијата. Tие се независни во ангажманот, возврати и упати на Ахмети да се праша активностите на внукот.

Внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Дрин Ахмети склучил договор за ископ на варовник со ЕСМ иако неговата фирма има само еден вработен, обелоденија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на трибина во Скопје.
Ковачки ги повика институциите и премиерот да го испитаат случајот. ВМРО-ДПМНЕ потсети и на преземањето на бизнис центарот во Скопје за 30 милиони евра од внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Премиерот Ковачевски смета дека е тоа прашање што треба да биде упатено на Ахмети, а не нему. Премиерот дополни дека во процедура е донесување на законот за потекло на имот, но и дека и без закон институциите може да ги проверат наводите за корупција на роднина на политичар во владината коалиција.
Ирина Гелевска
