МВР

Приведен дебарчанец, нелегално превезувал огревни дрва

25.06.2023 19:09

При контрола на возило „форд“, коешто го управувал, било затекнато огревно дрво, кое тој нелегално го превезувал. Дрвната маса е одземена и предадена на Шумската полиција од Дебар...

Синоќа во 22.05 часот на локален пат во Дебар, од полициски службеници од ОВР Дебар лишен е од слобода А.К.(35) од Дебар.

При контрола на возило „форд“, коешто го управувал, било затекнато огревно дрво, кое тој нелегално го превезувал. Дрвната маса е одземена и предадена на Шумската полиција од Дебар, а против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.