Регион

Нова демократија победик на изборите во Грција

25.06.2023 21:23

Партијата победник доби 158 пратенички места со што Кирјакос Мицотакис ќе може да формира еднопартиска Влада.

Нова демократија со потребното парламентарно мнозинство за формирање еднопартиска Влада, Парламент со осум партии, 13 отсто од гласовите и 35 пратенички места отидоа кај радикално десничарски партии.

Со пребројани 91 отсто од гласовите Нова демократија добива 40,52 отсто од гласовите, 22,68 проценти повеќе од опозициската СИРИЗА.

Партијата победник доби 158 пратенички места со што Кирјакос Мицотакис ќе може да формира еднопартиска Влада.

Излезноста е официјални информации е 52,41 отсто.

На претходните избори на 21 мај годинава, Нова демократија освои 40,79 отсто од гласовите, СИРИЗА беше втора со 20,07 проценти, ПАСОК освои 11,46 отсто, а во Парламентот место обезбедија пет партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез.