МВР: 251 санкционирани возачи во Скопје, 136 за брзо возење
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 251 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 136 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, десет санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, една санкција за користење мобилен телефон при управување возило, четири мерки за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
