Собрание

Делегација на полскиот Парламент во посета на македонското Собрание

26.06.2023 09:09

Делегација на полскиот Сејм предводена од заменик-претседателот Ришард Терлецски денеска ќе престојува во посета на Собранието на Република Северна Македонија...

Делегација на полскиот Сејм предводена од заменик-претседателот Ришард Терлецски денеска ќе престојува во посета на Собранието на Република Северна Македонија.

Според информациите од веб-страницата на Собранието, полската делегација ќе има средба со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, со потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, како и со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и со претседателката на парламентарната група за соработка со Парламентот на Полска, Фаница Николоска.